Фудбалерите и стручниот штаб на ФК Каменица Саса од ден во ден, се поангажирано влегуваат во подготовките за новата сезона во Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток. Во лицата на новиот шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса, Горан Здравков како и неговиот помошник Горан Гоцевски, се чувствуваат силна желба за овогодишно докажување и уште посилна мотивираност и посветеност. Истото важи и за капитенот на ФК Каменица Саса, како и за сите фудбалери на клубот или новиот “рударски” фудбалски мозаик составен од фудбалерите кои останаа во клубот како дел од ланскиот тим, но и од оние новите, кои за првпат имаат можност да ја почувствуваат “каменичката” фудбалска атмосфера.

Она што се чувствува и во навивачкиот дел на клубот е оптимизамот и силната верба во добри резултати оваа сезона како и “нетрпението” за почетокот на новата сезона во Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток, закажан за месец Август.

ОЧЕКУВАМЕ ДОБРА ИГРА И ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ !

СРЕЌНО МОМЦИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *