ФК Каменица Саса, денес на Градскиот Стадион во Македонска Каменица го одигра првиот контролен пријателски натпревар во подготвителниот период пред новата сезона во Втората Македонска Фудбалска – Исток. Ова беше воедно и првиот натпревар на “зелено-црните” под водство на новиот шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса, Горан Здравков. “Рударите” денес го пречекаа новиот второлигаш, екипата на Росоман и во еден убав и мошне ефикасен натпревар, во кој и двата тренери повеќе вршеа “проба” на играчите отколку што внимаваа на резултатот, нашите миленици остварија победа со 4:3.

Резултатот го отворија нашите миленици пред крајот на првиот дел, со голот на Иле Џонов. Со тој резултат се замина на одмор. Росоман израмни после неколку минути игра во вториот дел. Но, “Рударите” повторно ја вратија предноста прво на 2:1 со голот на Никола Божинов, а потоа и на 3:1 со голот на Трајчевски. Во периодот во кој Здравков “тестираше” повеќе играчи, гостите ја искористија “малата олабавеност” на нашите миленици и прво намалија на 3:2 а потоа и израмнија на 3:3. Но, за оваа сезона да почне со победа се погрижи Никола Ѕурѕу – Ѕукигол, кој пред крајот на натпреварот и донесе водство на ФК Каменица Саса од 4:3, што се покажа како конечен резултат.

ФК Каменица Саса – ФК Росоман 4:3 (1:0)

Честитки и на двете екипи за фер-плеј натпреварот и успеси во новата сезона.

Честитки до нашите миленици !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *