Фудбалскиот Клуб Каменица Саса чествувајќи го денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица – ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, упатува порака и честитки до Каменичките Рудари, на кои им го честита Денот на Рударите и им посакува многу здравје, среќа и радости во годините што доаѓаат, семејната хармонија да им биде секојдневие и од срце им посакува безбедност и успеси во работата.

Почитувани Каменички Рудари,
Почитувани Верни Градители на Општина Македонска Каменица,

Ви благодариме за Вашата поддршка во градењето на овој убав град,

Ви благодариме за Вашата поддршка на културата во овој град и

Ви благодариме за безрезервната поддршка спортот и на Вашиот клуб ФК САСА, сегашна ФК Каменица Саса, клуб кој Вие го формиравте и до ден-денес безрезервно го поддржувате.

КАМЕНИЧКИ РУДАРИ, ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ТРУДОТ, ЗА УСПЕСИТЕ, ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ !

СО ВАШИОТ ТРУД БЕЛЕЕ ДЕНОТ ВО ОВОЈ ГРАД !

СРЕЌНО !

Од Управата на клубот

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *