Одлични прволигашки настапи бележат “нашите” доскорешни фудбалери Марио Станковски, Ненад Нешовски, Дејан Силјановски и Андреј Кировски.

“Убиствениот” напаѓач Марио Станковски денес му донесе злато вреден бод на тимот на Борец на жешкиот терен во Тетово, против еден од најсериозните аспиранти за Шампион во ПМФЛ, екипата на Шкендија. Тој натпреварот го започна од првата минута од натпреварот а за водство на Борец погоди во 19-тата минута од натпреварот. Одличен настап во тимот на Борец имаше уште еден “наш” фудбалер, тоа е “Каменичанецот” Oливер Стоименовски. Натпреварот заврши со конечни 1:1.

Ненад Нешовски и Андреј Кировски, првиот како првотимец, вториот како резерва беа дел од денешната победа на Силекс над Ренова од 3:1.

Дејан Силјановски кој во Македонска Каменица беше познат како Spiderman, беше првотимец во тимот на Беласица која загуби во Скопје, од Македонија Ѓорче Петров со 2:1.

Браво момци, така да продолжите и понатаму.

Комплетни резултати, Прва и Втора Македонска Фудбалска Лига – Исток :

ПМФЛ :

ФК Шкендија : ФК Борец 1:1
Силекс – Ренова 3:1
ФК Академија Пандев – ФК Струга Трим Љум 1:0
ФК Работнички – ФК Вардар 1:1
ФК Шкупи – ФК Пелистер 1:0

ВМФЛ – Исток :

ФК Кит Го Пехчево – Oсогово 3:3
ФК Слога 1934 Виница – ФК Каменица Саса 2:1
ФК Брегалница Штип – ФК Плачковица 3:1
ФК Победа Прилеп – ФК Росоман 3:3
ФК Тиквеш – ФК Кожуф 1:1

Во прилог и неколку натпревари во кои нашите поранешни фудбалери Силјановски, Станковски, Нешовски и Кировски беа маестрални.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *