ФК Каменица Саса во трилер натпревар го елиминираше прволигашот Борец 1919 АД од Велес во 1/16-тина финалето од Купот на Македонија во Фудбал. Натпреварот за гостите започна и подобро од очекуваното. Поведоа од корнер во 2-та минута од натпреварот. На 1:1 израмни Филип Гоцевски со еврогол од 16-тина метри во 11-тата минута од натпреварот. Гостите повторно од корнер поведоа во 18-тата минута од натпреварот, за во 57-та минута од натпреварот Илија Донов од слободен удар да ги постави конечните 2:2 од натпреварот и да го одведе натпреварот во пенал-рулет.

А во пенал-рулетот на сцена стапи нашиот голман Мики Ѓеоргиевски кој одбрани три од четири пенали на гостите, а нашите пак “шутери” беа прецизни со 3 од 3 (шутираа Божинов, Ефремов и Донов) и Борец 1919 АД беше елиминиран од Купот на Македонија.

Бидејќи не постојат зборови да се опише машката игра на нашите момчиња, во натпревар во кој сите беа на висина на задачата и повеќе од тоа, во натпревар во кој стручниот штаб имаш спремено беспрекорна тактика, ќе Ви го презентираме денешниот состав на ФК Каменица Саса и ќе Ве оставиме да уживате во најубавите моменти од натпреварот.

ФК Каменица Саса настапи во следниот состав :

1.Ѓеоргиевски Мики – Натпревар на кариерата, сигурен на голот, одбранети 2-3 зицери и одбранети 3 од 4 пенали во пенал серијата.

3.Христијан Стојановски – прекрасен натпревар

5.Дарко Дигаловски – прекрасен натпревар

6.Марио Крстов – прекрасен натпревар

7.Трајчевски Александар – прекрасен натпревар

9.Симевски Андреј – прекрасен натпревар

10.Даниел Гоцевски (к) – капитенот изигра машки онака како му доликува на капитен, издржа 10-тици груби стартови и го имаше секаде на теренот.

11.Никола Ѕурѕу – одличен денес, го имаше секаде, прекрасно дефанзивно издание, одличен и на средината на теренот, одличен секаде.

19.Божинов Никола – фудбалски магионичар кој денес сакаше да се надигрува

21.Митар Соколовски – прекрасен натпревар

22.Гоцевски Филип – прекрасно деби на официјален натпревар, постигнат гол во стилот на Ибрахимовиќ, многу воздушни дуели, огромен фудбалски сенс. Така да продолжиш Филип.

Резерви :

23.Благојче Иванов – не влезе во игра, но беше силна поддршка од клупата.

2.Андреј Таковски – за времето поминато на теренот, прекрасен натпревар.

15.Ѓорѓиевски Давид – не влезе во игра, но беше силна поддршка од клупата.

17.Ефремов Трајче – за времето поминато на теренот, прекрасен натпревар.

20.Валери Стаменовски – за времето поминато на теренот, прекрасен натпревар.

88.Илија Донов – еден од клучните играчи денес, погоди од слободен удар за 2:2, погоди и во пенал-серијата

Честитки и до стручниот штаб Горан Здравков-Горан Гоцевски-Борче Ѓеоргиевски за одличната стратегија и вистинскиот избор на играчи за денешниот натпревар.

ДЕЧКИ ЧЕСТИТКИ ЗА ПРЕКРАСНАТА ИГРА, ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДАТА, ДЕНЕСКА БЕВТЕ БРИЛИЈАНТНИ И ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИГРАТЕ ВО ИСТ СТИЛ.

ДЕНЕС ПОКАЖАВТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ И ЗНАЕТЕ, ТАКА ДА ГО ПРЕЧЕКАТЕ И КИТ-ГО !

ГЛАВАТА ГОРЕ !

ТАКА ХРАБРО И ВО ИДНИНА !

БРАВО МОМЦИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *