Почитувана Македонска Фудбалска Јавност,
Драги фудбалски фанатици и вљубеници во најважната споредна работа во светот,

ФК Каменица Саса упатува извинување до фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров, Абдул Басит Халид поради објавениот текст на twitter кој наместо како “шега” е сфатен како расизам. ФК Каменица Саса како одговорен клуб реагираше веднаш и текстот е избришан, но иако намерата беше сосема друга, сепак упатуваме искрено жалење и извинување до фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров Абдул Басит Халид и до клубот Македонија Ѓорче Петров за ненамерна грешка.

На фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров како и на клубот им посакуваме добар натпревар денес па нека победи подобриот.

Во знак на извинување на фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров ќе му подариме дрес од ФК Каменица Саса.

Abdul Basit Khalid WE ARE SORRY !

Од управата на клубот.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *