Денес, ФК Каменица Саса го одигра натпреварот од 11-тото коло од ВМФЛ – Исток против екипата на Слога 1934 од Виница. На убаво и сончево време, без присуство на публика согласно протоколите за заштита од COVID 19 нашите миленици одиграа добар натпревар и заслужено ја победија екипата на Слога од Виница. Иако бевме ослабени бидејќи во игра не влезе капитенот на тимот, Дани Гоцевски иако веќе подолг период играме без нашиот Ален Миленковски во одбраната, сепак со многу желба за победа, мотивирани по пласманот на Македонија на ЕП во фудбал, заслужено славевме со 2:0 со головите на Саше Дуков во 55′ и 62′ минута од натпреварот. Упатуваме кратки честитки до нашите миленици и апел веднаш фокусот да го стават на натпреварот со Победа во Прилеп наредниот викенд. Простор за славење нема, туку само за работа, слога и сериозен пристап во секој еден тренинг, на секој натпревар.

Упатуваме честитки до екипата на Слога 1934 од Виница за коректниот натпревар и упатуваме честитки до судиската четворка за одлично судење.

ДА ГЛЕДАМЕ НАПРЕД !

ЗАЕДНО КОН НОВИ ПОБЕДИ !

СРЕЌНО !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *