Синоќа, во тешка сообраќајна несреќа, Македонска Каменица, ФК Саса и Фудбалска Македонија го загуби големото фудбалско име Перо Стојановски. Прерано не напушти еден од најдобрите фудбалери на ФК Саса на сите времиња, долгогодишниот клупски капитен, човекот кој беше и ќе остане длабоко врежан во колективната меморија на Каменичката и Македонската фудбалска јавност.
Перо Стојановски беше голем другар и прекрасен човек, имаше неверојатен фудбалски сенс а по фудбалското пензионирање на секаков начин го помагаше функционирањето на сегашна ФК Каменица Саса.
ФК Каменица Саса упатува искрено сочувство до фамилијата на Перо Стојановски а утре претставници на клубот ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалише.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА МАЈСТОРЕ, ОД СРЦЕ ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ !
Од управата на
ФК Каменица Саса
