Денес се одиграа двата првенствени натпревари од Младинските Натпреварувања на Младинските Категории на ФК Каменица Саса – Помлади Пионери и Пионери. Помладите пионери на Дејан Михаилов со 3:0 го добија мечот со Кадино. Помладите пионери имаат 4 од 4 во досегашниот тек од натпреварувањето. Пионерите кои се под водство на Блажо Николовски пак со 3:1 јас совладаа соодветна екипа на истиот противник со што ја продолжија низата од 10 натпревари без пораз.

Пионерите на ФК Каменица Саса се втори на табелата по одиграни 4 кола од натпреварувањето.

Помладите пионери на ФК Саса се на делба на првото место на табелата по одиграни 4 кола од натпреварувањето.

ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ НА ФК КАМЕНИЦА САСА СЕ ИГРАА ВО ЧЕСТ НА ГОЛЕМИОТ ФУДБАЛСКИ МАЈСТОР, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ФК САСА НА СИТЕ ВРЕМИЊА, ПЕРО СТОЈАНОВСКИ.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА МАЈСТОРЕ !

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *