Фудбалерите, стручниот штаб и спортските работници кои се дел од ФК Каменица Саса во рамките на своите можности ќе го поддржат лекувањето на Ѓорѓе Џонов, фудбалер на Кожуф. Уште вечерва ќе биде направен список за индивидуални донации собрани во една заедничка клупска. Во оваа хуманитарна акција можат да се вклучат и навивачите на ФК Каменица Саса како и сите хумани луѓе со тоа што ќе ги контактирате лицата кои ќе бидат одговорни за оваа хуманитарна акција :

Горан Гоцевски – Помошен тренер на ФК Каменица Саса – 078 434 471

Дарко Гоцевски – Commet – админстратор на клубот – 075 679 996

Ѓорѓе Џонов боледува од болест за која итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него.

Да му помогнеме на Ѓорѓе да го добие најважниот натпревар во неговиот живот, натпревар кој значи живот.

Жиро сметка за донации: 200002334814048 Стопанска Банка АД, Ѓорѓе Џонов

ДЕВИЗНА СМЕТКА:

IBAN : МК07200003801913052

SWIFT: STOBMK2X

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *