Младинските категории на ФК Каменица Саса одиграа одлична полусезона. И покрај каснењето на почетокот на првенствата поради ситуацијата со COVID 19 и покрај краткиот период за подготовки, иднината на ФК Каменица Саса, Помладите Пионери и Пионерите на клубот одиграа одлична полусезона. Помладите пионери на ФК Каменица Саса предводени од тренерот Дејан Михаилов по одиграни 6 натпревари се 2-ри на првенствената табела со 5 победи, 1 пораз и вкупно 15 бодови. Тие во своите редови го имаат и еден од најдобрите стрелци во лигата, Михаил Стаменковски кој има постигнато 10 голови. Пионерите пак водени од нивниот тренер Блажо Николовски со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз се 4-ти на првенствената табела во Пионерската Лига.

Помладите пионери и пионерите на ФК Каменица Саса одиграа одлична полусезона и останува во подготвителниот период сериозно да се спремаат за напролет да атакуваат на првите места во соодветните конкуренции.

СРЕЌНО МОМЦИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *