Денес, во рамките на 17-тото коло од ВМФЛ-Исток, ФК Каменица Саса го изигра локалното дерби со екипата на Осогово од Кочани. “Рударите” натпреварот го започнаа одлично, играа конкретно и само последните додавања до Саше Дуков беа единствената пречка да дојдат во водство уште на самиот почеток од натпреварот. Подобрата игра на ФК Каменица Саса во целиот прв дел беше крунисана со гол од пенал во 43-тата минута од натпреварот кој го реализираше капитенот Дани Гоцевски. Во вториот дел истата слика, ФК Каменица Саса сигурна, Осогово летаргичен. Првата шанса Осогово ја имаше некаде околу 60-тата минута од натпреварот, кога по една мешаница шутираа, но Благојче Иванов направи чудо и спаси сигурен гол. И потоа, едноставно среќата ни го заврте грбот. По една акција од десната страна по изведен аут, фудбалерот на ГФК Осогово Благој Истатов, ниту шутираше, ниту центрираше, топка “го излажа” нашиот голман и несреќно заврши позади неговиот грб. После голот на ГФК Осогово, доаѓаат оние минути за ФК Каменица Саса кои ни покажуваат дека во клубот се работи и на психичката подготвеност, освен на онаа физичката. Имено, примајќи таков среќен гол без шанса, кај многу клубови би резултирало со пад на формата во понатамошниот дел од натпреварот, но не и со денешната ФК Каменица Саса. По примениот гол во 70-тата минута, ФК Каменица Саса тргна по ново водство и само среќата го спаси Осогово од пораз. Се нижеа нападите како на филмска лента, а по еден корнер до самиот лев дирек помина топката која со глава ја шутираше Илија Донов, за потоа и Саше Дуков со глава за малку да не го погоди левиот горен агол од голот на домаќините. Се на се, ФК Каменица Саса го надигра во секој поглед ГФК Осогово и ако “Рударите” вака изиграат и со Тиквеш, вториот тим на табелата од Македонска Каменица ќе си замине поразен.

Одличен натпревар, сите фудбалери беа на висина на задачата.

Одлична стратегија на нашиот стручен штаб, капитенот одлично диригираше со фудбалерите на теренот.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ И РАЗМИСЛУВАМЕ НА ДОБАР РЕЗУЛТАТ СО ТИВКЕШ.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *