Фудбалска Македонска Каменица беше сведок на богат фудбалски викенд. Во Саботата ФК Каменица Саса го играше редовното 18-то коло од ВМФЛ-Исток кадешто како домаќин беше поразена од екипата Тиквеш од Кавадарци со резултат од 1:2. Гостите поведоа со голот на Едис Спахиу во 16-тата минута, на 1:1 израмни капитенот Дани Гоцевски со гол од пенал во 22 минута од натпреварот, а конечните 1:2 ги постави Бобан Здравески во 63 минута од натпреварот. По 18-тото коло се направи и распоред за третиот круг од натпреварувањето според Словенечкиот Бергеров систем па така нашите миленици игаат во следниот распоред :

13.03.2021 со Брегалница Штип во гости

21.03.2021 со Осогово во гости

03.04.2021 со Слога Виница дома

10.04.2021 со Кожуф Гевгелија во гости

17.04.2021 со ФК Победа Прилеп дом

24.04.2021 со Кит-Го Пехчево во гости

01.05.2021 со Плачовица дома

08.05.2021 со Тиквеш во гости

и на 15.05.2021 со екипата на Росоман дома.

Во Неделата пак нашите надежи, помладите пионери и пионерите на ФК Каменица Саса го одиграа редовното коло од своите натпреварување со соодветните екипи на Осогово.

Помладите пионери на ФК Каменица Саса беа подобри од Осогово со резултат 4:2, а додека пионерите славеа со резултат 3:0.

За пионерите стрелци беа Ѓеоргиевски, Мартин Паунов и Лазе Стојановски и тие се на 2-тото место на табелата со 5 бодови помалку од првиот ФК Куманова-Милано.

За помладите пионери стрелци беа Ристе Лазаров x 2 гола и Михаил Стаменковски x 2 гола.

Помладите пионери се третото место на табелата со исто бодови како и второпласираната Слога од Виница и 3 бодови заостанување зад првопласираниот ФК Куманова-Милано.

Честитки до нашите младинските категории на кои има посакуваме успешен нареден фудбалски викенд.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *