Уште еден симпатичен фудбалски викенд беше на агендата на Каменичките фудбалски клубови. Сениорскиот Тим на ФК Каменица Саса одигра фантастичен натпревар во Штип против лидерот на табелата ФК Брегалница и во Македонска Каменица се врати со заслужен бод и жалење за останатите два. Нашите миленици резервирано го почнаа првиот дел во кој по удар од шеснаесетина метри кој закачи еден од нашите фудбалери домаќините поведоа со 1:0. Вториот дел од натпреварот беше целосно во знак на “Рударите” нешто чиј резултат дојде дури во 85-тата минута кога одличниот Илија Донов пласираше по земја во долниот десен агол за 1:1. Во меѓувреме Димоски со глава ја погоди стативата на домаќините. Се на се убава фудбалска претстава во која нашите миленици покажаа карактер и умешност. Целиот тим на ФК Каменица Саса во Саботата беше одличен и им посакуваме во ист ритам да продолжат и понатаму.

Во Виница пак, помладите пионери на Дејан Михаилов победија со 0:1 за 2-ро место на табелата, а пионерите на Блажо Николовски и покрај многуте шанси се поразени со 2:1.

ЖФК Каменица Саса пак победи во Дојран со резултат 2:3 и нормално остануваат први на табелата во Првата Женска Фудбалска Лига на Македонија.

Честитки до сите фудбалски тимови од Македонска Каменица.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *