ЖФК Каменица Саса, денес шампионски “се прошета” на Градскиот Стадион во Македонска Каменица. Во натпреварот од 18-тото коло од Првата Женска Фудбалска Лига на Македонија, дамите од ЖФК Каменица Саса го “торпедираа” скопски Шкупи со 9:0. На овој прекрасен натпревар за ЖФК Каменица Саса немаше најдобaр играч на теренот, едноставно сите девојки беа брилијантни. По кратката пауза во форма се враќа Ана Димитровска која постигна четири голови, Ленче Андреевска постигна еден, Рабија Дервиши два и Марјана Нацева два.

ЖФК Каменица Саса натпреварот го започна со Стојановска Николија на голот која иако немаше многу работа беше брилијантна, Јошевска Христина, Сара Коларовска, сестрите Ана и Дајана Ристовски и капитенот Моника Георгиева како последен бедем пред нашиот гол за чија брилијантна игра доволно говори резултатот односно фактот дека гостинките не постигнаа гол, Марјана Нацева која доби многу дуели со фудбалерките на Шкупи кои не бираа средства за да ја запрат и за волја на вистината беа и доста груби, Рабија Дервиши која освен убавите погодоци имаше и неколку асистенции, Лени Андреевска чија елегенција во играта потсетува на игрите на Дејвид Бекам, Вероника Николовска која истотака беше брилијантна и нормално најистурена во нападот беше Ана Димитровска која по кратката пауза се враќа во старата препознатлива форма.

Во игра на денешниот натпревар за ЖФК Каменица Саса влегоа и Панеска Елена, Мила Талевска, Драгана Костова, Николовска Елеонора и Маринковска Анастасија и сите одиграа брилијантно.

Девојки честитки за победата, СЕ до освојување на шампионската титула ќе имате огромна поддршка од ФК Каменица Саса.

Само напред !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *