Пионерите и Помладите Пионери на ФК Каменица Саса победнички се враќаат од Росоман кадешто во рамките на 10-тото коло од Третата Лига за помлади пионери и пионери, славеа со 5:0 односно 4:0 во дуелите со соодветните екипи на домаќинот Росоман.

Помладите Пионери на ФК Каменица Саса под водство на Дејан Михаилов, победија со 5:0 а стрелци на головите беа Багевски Иван два, Стоилковски Димитар еден и Михаил Стаменковски два.

Пионерите пак на ФК Каменица Саса под водство на Блажо Николовски славеа со 4:0 со головите на Атанасовски Филип, Мартин Пауновски, Гоцевски Димитар и Николовски Филип.

Честитки за младинските екипи на ФК Каменица Саса.

Само храбро момци !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *