Почитувани навивачи на ФК Каменица Саса,

Овој викенд продолжуваат натпреварувањата на фудбалските тимови од сите категории на ФК Каменица Саса. Сениорите на ФК Каменица Саса во рамките на 21-то коло од ВМФЛ-Исток го играат локалното дерби на домашен терен со екипата на Слога 1934 од Виница. Натпреварот се игра во Сабота, 03.04.2021 година, со почеток од 15:00 часот на Градскиот Стадион во Македонска Каменица и истиот иако ќе се игра без присуство на публика сепак ќе можете да го погледнете и на телевизија и преку линк на интернет. Надежите пак на ФК Каменица Саса, пионерите и помладите пионери на клубот играат со екипата на Кит-Го во Штип истотака во Сабота со почеток од 10:30 часот односно од 12:30 часот.

Да им посакаме успешен викенд на сениорите и младинските категории на ФК Каменица Саса.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *