Почитувани вљубеници во најважната споредна работа на светот,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса,

Овој викенд се играат натпреварите од редовните кола од натпреварувањата во кои се натпреваруваат сениорите и младинските категории на ФК Каменица Саса.

Првиот тим на ФК Каменица Саса во рамките на 22-то коло од ВМФЛ-Исток ќе гостува во Гевгелија, кадешто на 10.04.2021 година, Сабота, со почеток од 13:00 часот ќе ги вкрсти копјата со домашниот Кожуф.

Младинските категории пак, помлади пионери и пионери играат на домашен терен на 11.04.2021 година, Недела, со соодветните екипи на Партизан Фудбал Кидс Скопје, со почеток од 11:00 односно 13:00 часот.

Да им посакаме успешен фудбалски викенд на нашите миленици.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *