Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра редовното коло за нашите надежи, младинските категории на ФК Каменица Саса. Помладите пионери играа со соодветната екипа на Партизан Фудбал Кидс од Скопје и славеа со 1:0 со голот на Михаил Стаменковски од пенал во вториод дел од натпреварот. Со оваа победа избраниците на Дејан Михаилов се на делба на првото место со исто бодови со Милано од Куманово. Пионерите ја победија соодветната екипа нa Партизан Фудбал Кидс со резултат 3:1 со головите на Николовски, Стоилковски и Антовски. Избраниците на Блажо Николовски се на 3-тото место на табелата.

Честитки до нашите надежи за денешните победи.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *