ФК Каменица Саса во Петок, 30.04.2021 година, со почеток од 13:00 часот, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица ќе го одигра 25-тото коло од ВМФЛ-Исток. Нашите миленици ќе бидат домаќин на екипата на Плачковица од Радовиш. Како и во секој натпревар досега и во овој натпревар “Рударите” ќе влезат со респект кон противникот и силно мотивирани за освојување на 3-те бодови. За првпат во оваа сезона која нашите миленици ја играат со стил, имаме шанса за “напаѓање” на 4-тото место на табелата. Односно, уште во Петок, со победа на ФК Каменица Саса и пораз на ФК Кожуф, нашите миленици ќе се искачат на 4-тото место на табелата од ВМФЛ-Исток што би бил највисок наш пласман од кога сме дел од ВМФЛ. Но, нека резултатите бидат во втор план, она што е важно во Петок, е нашите миленици (оние искусните како и оние фудбалски таленти од младинската школа на клубот) да го дадат својот максимум и да изиграат како што знаат и умеат.

Да им посакаме успех на нашите миленици !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *