Почитувани љубители на фудбалската игра,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса,
ФК Каменица Саса силно фудбалски и човечки и симболично финансиски упатува поддршка за голманската легенда Драгомир Мутибариќ кој е исправен пред сериозен животен предизвик.
Како општествено-одговорен клуб упатуваме силна поддршка до Мутибариќ и искрено се надеваме дека овие премрежија во неговиот живот кои имавме можност да ги видиме преку интернет и медиумите набрзо со институционална помош како и со помош на фудбалските љубители и фанатици ќе бидат минато.
САМО НАПРЕД МАЈСТОРЕ !
