ФК Каменица Саса во рамките на 26-тото од ВМФЛ-Исток, вчера е поразена во Кавадарци со 3:1, од екипата на ГФК Тиквеш. Во натпревар во кој домаќините беа очигледно подобар противник, нашите миленици се поразени со 3:1 со головите на Јорданчо Наумоски, Симеон Христов и Едиз Спахиу. Почесниот погодок за нашите миленици всушност беше автогол, по одличниот центаршут на младиот Филип Николовски и прекрасното влегување на истотака младиот Валери Стаменовски.

И покрај поразот “Рударите” сепак остануваат во игра за највисокиот пласман во својата второлигашка историја, а тоа е 4-тото место на Табелата. Во последното коло од ВМФЛ-Исток кое се игра на 15.05.2021 година, нашите миленици на домашен терен го пречекуваат тимот на Росоман, а во другите натпревари, Победа ќе го дочека Кожуф, Плачковица ќе биде домаќин на Осогово, Слога Виница на Кит-Го и прволигашот Брегалница Штип ќе го дочека патникот во баражот за Прва Лига, екипата на Тиквеш.

Да веруваме во победа на нашите миленици и да се надеваме на резултати кои ќе ни одат во прилог на другите натпревари.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *