Вчера, ФК Каменица Саса го одигра последниот натпревар од сезоната 2020/21 од ВМФЛ-Исток. На домашен терен беше совладана екипата на Росоман со 3:0 со головите на Илија Донов во 32′ и 38′ и на дебитантот во првата постава на сениорскиот тим на ФК Каменица Саса, Филип Николовски во 41′. Oваа сезона ФК Каменица Саса одигра многу одлични натпревари, имаше нормално и неколку лоши натпревари, имаше и несреќни моменти како што секако беа повредите на Ален Миленковски и Никола Божинов, што се на се е вкалкулкулирано и отсликано во конечната табела за ВМФЛ-Исток, кадешто нашите миленици завршуваат 6-ти, со бод помалку од Кожуф и Слога Виница и 6 бодови повеќе од Осогово. Во првата лига директен патник е Брегалница од Штип, Тиквеш ќе игра бараж за прва лига, а од лигата испаѓаат Плачковица и Росоман.

Како екипа во наредниот период мораме да работиме на што повеќе нови промени на подобро, да се менуваме на уште подобро, да веруваме во нашите млади и талентирани фудбалери и заедно со оние кои во ФК Каменица Саса ја гледаат повторно својата иднина, да градиме тим за новата сезона, за нови победи, за нови достигнувања и зошто да не ТИМ ЗА ПРВА ЛИГА.

Честитки до сите играчи, членови на стручен штаб и членови на ФК Каменица Саса и огромна благодарност до нашите верни навивачи и поддржувачи.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ ! ЗАЕДНО ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *