Денес, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица, ФК Каменица Саса го одигра првиот од низата контролни натпревари кои ќе игра на домашен терен. Во една убава фудбалска претстава со динамична игра и шанси и на двете страни и за првпат со присуство на публика “ВЕЛИКАНИТЕ” на Македонскиот Прволигашки Фудбал, САСА и ВАРДАР изиграа без голови, 0:0.

Како за контролен натпревар тренерите и на двете страни доста менуваа, така што најголем дел од фудбалерите и во двата тима добија шанса да бидат дел од натпреварот кој многу потсети на прволигашкиот сон кој го живеевме во минатиот век.

“РУДАРИТЕ” денешниот натпревар го одиграа во следниот состав :
Број на дрес | Име и презиме | Младинци | Капитен |
1 | Димитар Ѓоргиев | ||
2 | Андреј Ричков | ||
18 | Ален Миленковски | ||
3 | Јовица Радевски | ||
5 | Мартин Мисердовски | ||
6 | Лазар Стојановски | ||
10 | Даниел Гоцевски | капитен | |
15 | Дејан Ангов | ||
19 | Никола Божинов | ||
8 | Ненад Нешовски | ||
7 | Филип Димовски |
Резерви:
Број на дрес | Име и презиме | Младинци |
12 | Симон Стојковски | |
9 | Филип Николовски | |
11 | Стефан Бабунски | |
88 | Сашо Велиновски | |
13 | Никола Стоиовски | |
20 | Валери Стаменовски | |
4 | Никола Јовановски | |
16 | Давид Ѓорѓиевски | |
22 | Мартин Пауновски | |
21 | Митар Соколовски | |
17 | Трајче Ефремов |
Шеф на стручен штаб: Горан Здравков
Помошен тренер: Горан Гоцевски
Тренер на голмани: Стојче Анакиевски
Oна што е вредно да се спомене е кам-бекот на големиот техничар Сашо Велиновски, кој ја прекина “фудбалска пензија” и повторно го облече зелено-црниот дрес, овојпат со број 88.
ДА ИМ ПОСАКАМЕ УСПЕШНА СЕЗОНА И НА ДВЕТЕ ЕКИПИ.
#ЗаедноВоПрваЛига