Почитувани фудбалски фанатици,
Драги верни навивачи на ФК Каменица Саса,
ФК Каменица Саса Ви го претставува новото и последно засилување во овој преоден рок. Се работи за одличниот Дарко Алексовски, фудбалер кој игра на позицијата заден везен и кој доаѓа од редовите на Силекс од Кратово. Дарко Алексовски е поранешен фудбалер на Брегалница, Миравци, Осогово, Баби, Кит-Го, Силекс, Максима (БиХ), Синѓелиќ и Борча (Србија) и Локомотива. Дарко Алексовски по вторпат го облекува дресот на ФК Каменица Саса, тој беше член на зелено-црниот тим додека се натпреваруваа во третата фудбалска лига.
Да му посакаме успешна сезона на Дарко Алексовски.
